Во Крива Паланка одбележан Ден на пожарникарството

Од:

Со парада на возниот парк со кој располага кривопаланечката Територијална противпожарна едниица, Крива Паланка и отворен ден за граѓаниет во единицата беше одбележан 20 мај- Денот на пожарникарството.

На плоштадот во градот беа изложени сите возила, а присуствуваа и сите поажрникари-спасители кои ги посетија гардоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и амабсадорот на САД, Џес Бејли, честитајќи им го денот на пожарникарството, укажувајќи им почит за нивната несебичност, пожртвуваност и преданост на благородната и ризична професија која ја работат.

– Во изминатите пет години ТППЕ Крива Паланка има околу шест пожари дневно. Единицата располага со доволен број возила, но поради конфигурацијата на теренот и стрмните-тесни улички во градот, имаме голем проблем со пожарите во урбана средина и неопходно ни е возило кое ќе може да пристапува и во таквите терени во општината и реонот кој го покриваме, над 491 километар, истакна Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Рече дека од вкупниот број пожари на подрачјето на целата општина на годишно ниво, околу 70 отсто се на отворен простор, а над 80 проценти од нив се предизвикани од човечки фактор.

Во Територијалната противпожарна единица Крива Паланка работат 13 пожарникари, со просечна возраст од 51 година.

Градоначалникот Мицевски најави дека во претстојниот период ќе бидат вработени уште петмина пожарникари кои ќе ги надополнат потребните човечки капацитети на единицата.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари после три часа акција

Горан Наумовски