Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Од:

СДСМ тврди дека зад концесијата за рудникот за антимон на локалитетот „Луке“ во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ и ја обвини Владата дека бизнис-проектот го претставува како „државниот интерес“.

На денешната прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека антикорупцискиот тим на партијата дошол до податоци според кои концесионер на локалитетот е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“.

Според Кузеска, сопственик на компанијата е Ѓорѓе Качурков, за кого тврди дека е донатор на ВМРО-ДПМНЕ, што, како што наведе, било потврдено со официјални документи и финансиски извештаи.

Таа посочи и дека договорот во Вашингтон го потпишал Ник Јовановски од австралиската „Pela Global Limited“, кој, според СДСМ, уште во 2015 година како застапник на фирма поврзана со донатор на ВМРО-ДПМНЕ го потпишал договорот за концесија за истиот локалитет.

„Она што Владата го претставува како стратешки дијалог со САД, всушност е бизнис-план. Профитот се става пред здравјето на граѓаните“, изјави Кузеска.

Од СДСМ повикаа да се организира референдум во Крива Паланка, на кој граѓаните ќе се изјаснат за рудникот, како и градоначалникот да ги земе предвид нивните ставови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага