А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Косово уапсен македонски државјанин со над шест килограми хероин

by А1он22/08/2024 - 12:3522/08/2024 - 12:57313
Share0

Косовската полиција соопшти дека вчера уапсила државјанин на Северна Македонија кај кого се пронајдени над шест килограми дрога хероин кој бил наменет за продажба.

Добивај вести на вибер

Во денешното соопштение на полицијата се наведува дека Дирекцијата за истраги на трговија со наркотици при полицијата во Приштина, во соработка со локалните безбедносни институции, „на 21.8.2024 година, по интензивна истражна работа на терен, презеде оперативни мерки, при што е идентификувано лице државјанин на Северна Македонија, за кое се сомничи дека поседувал, подготвен за продажба, наркотична супстанца од типот хероин“.

Од полицијата велат дека хероинот на осомничениот му го донеле други две лица, кои потоа со автомобил го напуштиле местото на настанот.

Вредноста на запленетиот хероин е околу 150.000 евра.

– По интервенција на косовската полиција, кај пријавениот се пронајдени шест пакувања со сомнителна наркотична супстанца од типот хероин со вкупна тежина од 6.137,6 грама (шест килограми и 137 грама), при што вредноста на сомнителната наркотична супстанца која е одземена се проценува на околу 150.000 евра, соопшти полицијата.

Како материјален доказ се одземени два телефони, автомобил и 4.305 денари.

Осомничениот бил приведен на разговор во присуство на бранител и со решение на државен обвинител одреден му е 48 часовен притвор, додека по другите две лица полицијата трага.

heroin

Би можело да ве интересира

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

Катерина Ѓуровски18/12/2024 - 11:31

Приведена велешанка поради поседување хероин

А1он20/01/2024 - 15:34

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ23/06/2023 - 15:24

Хероин кој го криеле во хефталка e пронајден кај патници кои патувале од Македонија кон Германија

А1он18/08/2022 - 12:4318/08/2022 - 12:48

Скопски дилери завршија зад решетки во Кочани

Горан Наумовски07/08/2022 - 11:50

Осомничен дилер на хероин во Гостивар

А1он18/03/2022 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен