Во Кавадарци одбележани 73 години од загинувањето на Димче Мирчев и Киро Крстев

Од:

Со положување цвеќе пред споменикот на влезот во градскиот парк во Кавадарци, денеска беа одбележани 73 години од загинувањето на Димче Мирчев и Киро Крстев, во борба со бугарскиот окупатор во 1944 година. Почит им оддадоа претставници на урбаната заедница „Киро Крстев“, Советот на општината, Сојузот на борци и други граѓани. Хористи од хорот при Основното училиште „Тошо Велков Пепето“, ја интерпретираа македонската химна, а ученици од истото училиште преку рецитал потсетија на Мирчев и Крстев.

Историски час одржа Марија Михова, кустос-историчар во Музеј галеријата од Кавадарци. Таа говореше за животните патишта на Димче Мирчев од Велес и Киро Крстев од Кавадарци, состојбата која му претходела на убиството и херојското дело на двајцата млади борци.

– Како искусни борци и партиски раководители добиле задача во Кавадарци да подготват нови младинци и симпатизери на Народноослободителното движење за излегување во партизанските единици, рече меѓу другото Михова.

Таа потсети дека пред 73 години во куќата на Иге Златев биле одржани неколку состаноци, средби и договори, бидејќи се подготвувало заминување на поголема група младинци во партизани.

– Во екот на тие подготовки, пред се поради големата желба и ентузијазам, попуштила будноста кај младите борци. Бугарскиот фашистички окупатор успеал да ја открие куќата каде престојувале Киро и Димче и во нерамна борба при обид за нивно бегство од обрачот ги убил, додаде Михова.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он