Во Брисел се уште нема договор, Заев не остапува од барањето влада без Груевски

Од:

Во Брисел нема договор, разговорите се уште траат. Лидерот на СДСМ Зоран Заев инсистирал доколку се одржат изборите најдоцна до 26 април, тогаш мора да се формира преодна влада која нема да биде со пократок мандат од шест месеци. Никола Груевски пак сакал преодната влада да се формира што е можно подоцна, по можност кон крајот на годинава.

Доколку не се исполнат барањата за формирање на техничка влада во која нема да биде Груевски, Заев јасно кажал дека ќе го напушти Брисел и нема да продолжи со преговорите. Брисел пак инсистира да има договор вечерва и ги правел сите напори да се дојде до него.

Разговорите во текот на целиот ден течеа интензивно, од старт средбата почна помеѓу четворицата лидери на една маса со Хан. Во меѓувреме, беше направена пауза за вечера, по што средбите продолжија.

Заев имал и средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли на кој му ги соопштил одлучните ставови од кои немал намера да отстапи. Неговите позиции не ги разнишале ни предлозите на преговарачите кои на Заев му понудиле три ресори во преодната влада: финансии, транспорт и внатрешни работи.
Средбата во Брисел почна во 12 часот и на неа, освен Заев и Груевски, присуствуваа и лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Би можело да ве интересира

Денови на македонската култура во Белгија

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Политико“: Мерц ги напаѓа Трамп и Брисел како никогаш досега

Горан Наумовски

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Унгарија тврди дека Брисел и Киев формираат воена коалиција