ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ Македонија не беше рангирана на ЕХЦИ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмена реакција одговара на соопштението на СДСМ дека македонското здравство назадувало на рангирањето на Европскиот здравствен потрошувачки иденкс заради „Мој термин“.

„Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), бидејќи Европа не предвидува рангирање за ѓерданите кои ги купуваше Владо Димов за своите колешки и за стентовите кои лешинарите од СДСМ ги продаваа на црно.

Според извештајот на ЕХЦИ, системот „Мој Термин“ во сите досегашни рангирања е посочен како реформа која се препорачува за имплементација и во други европски земји и токму на имплементирањето на овој национален систем во голема мера се должеше најголемиот напредок на Македонија од 11 места на индексот, кој е најголем напредок за една година во историјата на рангирањето.

Во најновиот извештај дури и е наведено дека Србија постигнала напредок токму откако го имплементирала системот изработен по примерот на македонскиот „Мој Термин“.

Ова е релевантно за сите стручњаци од сите земји освен за експертите од СДСМ кои во здравството го имплементираа системот „Мој Ѓердан“.

Македонското здравство според Европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016 година е рангирано повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, и др.

Овие факти се поразителни за СДСМ затоа што оваа партија не сака квалитетно здравство туку корупција и уценување на луѓето за нивните животи.

Граѓаните тоа не им го заборавиле на СДСМ. Затоа СДСМ е поразен 10-ти пат по ред на избори“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар