ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски да одговори кој е новиот момент за Цар Самоил кој предизвика триумфализам кај бугарската страна

Од:

Целосен молк од страна на владата и администраторот Ковачевски за преговорите со Бугарија и Кирил Петков во врска со историската комисија. Што е се завршено, како што соопштија од бугарската страна во комисијата и кој е новиот момент во преговорите во оваа комисија прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите информации кои доаѓаат до македонската јавност се од страна на бугарската влада или комисија. Вчера можевме да видиме целосен триумфализам од страна на бугарската страна во историската комисија во врска со историската личност, Цар Самоил. Додека има триумфализам во Бугарија, владата на Ковачевски соопштува дека состанокот на мешовитата комисија поминал во одлична атмосфера, без никакви информации кои македонската јавност ги бара. Се уште нема одговори од македонската влада за што уште се преговара и кој е исходот од овие преговори. Молкот отвора огромен сомнеж дека се водат преговори кои се штета на Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси. Ковачевски и Османи се должни веднаш да и соопштат на македонската јавност и пред пратениците да реферираат за текот на преговорите и кои се следните чекори се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски