ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со писмо бара увид во договорот со Бугарија

Од:

Пратеникот на опозициската ДПМНЕ, Илија Димовски, на прес конференција најави дека заедно со Владимир Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски, Емил Димитриев, испратиле писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни, Никола Димитров, каде бараат да бидат вклучени во процесот на потпишување договор со Република Бугарија.

Тој истакна дека пратениците во бугарскиот Парламент веќе го добиле договорот, а од македонската страна нема ништо, па затоа се одлучиле на овој чекор.

Според Димовски, додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт, имало пет проблематични точки во договорот со Бугарија и затоа бараат да бидат сите пратеници вклучени во овој процес.

Тој истакна дека при изборот на Влада, кога Заев ветил пружена рака кон опозицијата, Димовски му рекол дека исто така Владата ќе добие пружена рака од опозицијата, но досега не биле вклучени во ниту еден процес.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски