• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ застана во одбрана на криминалот на Јанева

by А1он12/09/2019 - 09:26169
Share0

„СДСМ застана во одбрана на криминалот на Катица Јанева. Пратениците под контрола на Зоран Заев одбија да дискутираат за нејзино разрешување иако таа скоро цел месец е во притвор.

Добивај вести на вибер

Тоа е јасен доказ дека Јанева е под команда на Зоран Заев.

Станува се поочигледна нивната поврзаност во изнудата на пари и политичките притисоци преку злоупотреба на законот и овластувањата на СЈО.

Јасно е како бел ден дека Катица Јанева беше и остана неговата црвена линија.

Заев и СДСМ се во коалиција со криминалот. Заев и СДСМ го штитат и промовираат криминалот. Заев и СДСМ сакаат да обезбедат амнестија на криминалот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев се плаши затоа што знае дека тој е лицето кое се крие зад целиот криминален систем.

Самиот факт што на Катица Јанева и беше оставено простор да делува на слобода додека Боки 13 и Зоки Кичеец беа во притвор говори многу за намерите на власта.

Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева.

Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага.

Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот.

Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил.

Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија.

Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 20:27

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски26/01/2026 - 12:3026/01/2026 - 13:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен