А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС без срам ги постави гонетите за коруптивен криминал Нетковски, Барбов и Докиќ за први лица на скопските клиники

by А1он11/08/2017 - 12:04120
Share0

„СДС создава хаос во македонското здравство. СДС и министерот Таравари го инфицираа здравството со вирусот на криминал и непотизам од кој одамна боледуваат.

Добивај вести на вибер

Основен критериум на Заев при селекција на раководните кадри е тие да имаат мерак на мито по урнек на неговото „едно евро за вицето“. СДС бара луѓе кои се осудувани за поткуп, пријавувани или во најмала рака во јавноста важат за митаџии. Ваквите кадри им се фаворити за директори на клиники. Доколку се семејно или бизнис поврзани со веледрогериите, тогаш нема промашување.

СДС без срам си ги постави Нетковски, Барбов и Докиќ за први лица на скопските клиники, а беа гонети за класичен коруптивен криминал.

Со поставувањето на вакви лица на реномирани здравствени установи СДС праќа јасна порака до граѓаните на Република Македонија, дека доколку во иднина сакаат да добијат некоја услуга за истата ќе мораат да платат кај некој „Вице“ од установата во која бараат медицински третман.

Таравари и СДС ги партизираат медицинските установи и ги ставаат на милост и немилост на сопствениците на веледрогериите во јавноста добро познати под името – бела мафија. Тоа е хипотека од времето на претходното владеење на СДС, кога до лекар се стигнуваше со посебни врски или со подмитување на медицинскиот персонал.

СДС и Таравари со назначувањето на најблиски роднини на сопствениците веледрогериите Др. Пановски, Елбијор и АДРИА МЕД создава ситуација на нелојална конкуренција на пазарот со веледрогерии.

Белата мафија е длабоко навлезена во македонското здравство, македонските граѓани од свои пари ќе ги полнат сметките на семејните фирми на Ирина Пановска Ставридис, Елена и Христијан Костови и Софија Пејкова.

СДС и Таравари треба да и дадат објаснување на македонската јавност која е целта за назначување на осудени криминалци и роднини на тајкуни за директори на здравствените установи.

Постапките на Таравари и СДС за македонското здравство се вистински масакар и ќе предизвикаат последици по квалитетот на здравствените услуги во иднина.

Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните“, изјави Дарко Костовски.

dpmnesdsmzdravstvo

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски18/12/2025 - 21:4118/12/2025 - 21:45

СДСМ: ЕУ усвои нови правила за депортација на мигранти во трети земји

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

СДСМ: Темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли

Горан Наумовски18/12/2025 - 18:39

СДСМ: Разоткривање на кујните на ДПМНЕ, дел 3: Напади исто како во времето на Груевски!

Горан Наумовски18/12/2025 - 18:39

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Горан Наумовски18/12/2025 - 16:52

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски18/12/2025 - 15:3818/12/2025 - 16:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен