ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов ги награди парично за 13 Ноември Венко и Денко

Од:

Петре Шилегов од реномираната награда „13 Ноември“ си направил партиска тезга. Наместо за заслужни скопјани или луѓе кои допринеле за Скопје и државата, тој во заминување потрча да им даде парична награда на Венко Филипче кому му умреа над 7.000 луѓе од ковид, и на Денко Малески за кого Македонците и Бугарите се ист народ велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека Филипче добива награда од Шилегов, во Чаир почина 26 годишна родилка при породување, додека во Битола 18 годишна девојка притоа не се познати детално причините. Пред само некој месец на истиот тој Филипче живи му изгореа 14 луѓе. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи комисијата за 13 ноемвриската награда да биде исполнета со партиски послушници на СДСМ, кои ќе ги девалвираат наградите кои имаа суштинско значење за градот, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот