ВМРО-ДПМНЕ: Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е

Од:

Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави. Постојат отворени сомневања дека Богоевски конзумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори. Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога. Неговиот одговор дека барал масло од канабис дури и да се земе дека е вистинит, повторно значи дека Павле Богоевски сторил кривично дело, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

“И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична пријава за Богоевски.

Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина.”, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ очекува Зоран Заев по директното признание од страна на Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка. Но и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата