Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

Од:

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени, вели дека досега многупати го има изнесено свој став и, како што вели, „немам што да додадам на тоа што сум го кажал“.

– Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата, кој секој ден е, би рекол, сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја испорака од „Али експрес“ на некоја друга опозициска партија. Така што, тој дел од опозицијата не би сакал да го коментирам – рече Мицкоски во одговорот на прашањето за обвинувањата на опозицијата, а во пресрет на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Мицкоски посочи дека нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни.

– Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и, на крајот краиштата, да најдеме решение – вели Мицкоски по пуштањето на реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата