ВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба од приемни испити на факултети, СДСМ да не се меша во работата на професорите

Од:

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешната прес-конференција на Љупчо Николовски од СДСМ.

Тој на денешната прес-конференција изјави дека сите ученици треба да се ослободат од полагање државна матура, а факултетите, каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит.

Според ВМРО ДПМНЕ, не мора да има приемни испити доколку учениците се оценат со средна оценка изведена од претходните години и првото полугодие од оваа учебна година.

„Наместо да им се мешаат на наставниците во работата, подобро е да прават стратегија за тоа што ќе прават во август и септември за децата кои не се опфатени со далечинското учење, што со децата со посебни потреби и што со илјадници студенти кои ќе треба да ја надоместат практична настава, колоквиумите и да полагаат испити“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

Помалку препишување и повеќе ред: Јаневска задоволна од спроведувањето на матурата

Николовски: Станува збор за политички монтиран случај