Николовски: Станува збор за политички монтиран случај

Од:

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полициска станица на 7 мај, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

– Лицето за кое прашувате на 7.5.2026 по наредба на Основното јавно обвинителство е повикано на информативен разговор во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од МВР.

Николовски, пак, денеска во реакција на Фејсбук напиша дека не се работи за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци, и при тоа обвинува дека „станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“.

– Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси. На земјоделците, винарите и производителите кои ме контактираа овие денови, Ви благодарам. Вие знаете што направивме. Вие живеете од таа реформа, напиша Николовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД