ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за 24 часа закопа 39 граѓани, оставка веднаш!

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше во врска со денешните дневни бројки на починати и новозаразени со коронавирусот.

Еве го во целост соопштението од партијата:

„Повторно црн рекорд во Македонија! Во последното деноноќие статистиката на минситерството за здравство вели дека се починати 39 лица.

Станува збор за 39 семејства завиени во црно.

Неспособноста на Филипче и Заев чини животи!

Филипче ќе остане запаметен како гробар на граѓаните.

Филипче прогнозираше дека ќе има околу две илјади заболени, а сега има скоро 4.600 починати лица од корона.

Ова е резултат на неспособноста да се организира здравствениот систем. Ова е резултат на неспособноста да се набават навреме и доволно вакцини.

Филипче не само што треба да замине, Филипче ќе одговара!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски