ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата

Од:

Филипче останува лојален на Заев, а со тоа останува лојален на криминалот и корупцијата што владееше под власт на СДС.

Филипче нема во план да се откаже од неговиот ментор Заев, ниту пак да се откаже од хибридниот режим што го спроведоа кога беа на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонците беа рангирани како најнесреќни луѓе во Европа, под власта на Заев. Филипче и од ова не планира да се откаже.

Филипче не смета дека треба да расчисти со неговите претходници, а со тоа, не смета дека треба да расчисти и со тогашната нивна владина корупција, политичките унапредувања во судството и обвинителството. Филипче, не се откажува од извештаите на Стејт департментот за аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Филипче не се откажува од Заев и продолжува да ги поддржува неговите криминали, корупции и срамови што и ги нанесе на Македонија.

Потрчкото на Заев, Венко Филипче сака да стане нов Зоран Заев во СДС и да ги продолжи неговите делувања, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања