Владата и рекламерите да не финсираат портали кои не го почитуваат Кодексот на новинари

Од:

„Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите.

ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што се:

-транспарентна сопственост,

-објавување на импресум, контакт и адреса на медиумот,

-прифаќање и почитување на Кодексот на новинарите и

-регистрација на правен субјект во Македонија.

Трите организации бараат од Владата и јавните институции да ги почитуваат овие критериуми при издавање на акредитација на новинарите од онлајн медиумите.

Ги повикуваме рекламерите на општествена одговорност и да се воздржат од објавување на реклами во онлајн медиумите кои не ги исполнуваат овие критериуми.

Ако Владата и рекламерите не ги почитуваат овие критериуми директно ќе придонесат кон јакнење на дезинформациите во медиумите и нивно користење за пропагандни цели. Ова може да се искористи како алиби за да се донесе рестриктивна законска регулација на онлајн медиумите која може да ја ограничи слободата на изразување на интернет“, се вели во соопштението на ЗНМ, ССНМ и СЕММ.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите