ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразува загриженост поради, како што велат, сè почестата пракса Владата да одбива да одговара на новинарски прашања и да го ограничува пристапот до информации од јавен интерес.

Од ССНМ реагираат и на вчерашниот настан, на кој владиниот ПР одговарал селективно на прашањата поставени од новинарите.

„Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде политика, а новинарските прашања не смеат да останат без одговор“, велат од ССНМ.

Оттаму посочуваат дека со ваквиот пристап новинарите се оневозможени да ги верификуваат информациите што ги бараат, а прес-конференциите не смеат да се претвораат во монолози без простор за прашања.

ССНМ потсетува дека ПР службата на Владата има обврска да одговори на секое новинарско прашање, без да проценува дали одредено прашање „заслужува“ одговор.

„Одлуката за тоа кои прашања се релевантни не е во надлежност на владините комуникациски служби, туку на новинарите, медиумите и јавноста. Ваквата пракса не смее да продолжи“, стои во реакцијата.

Синдикатот бара и владините претставници задолжени за комуникација со медиумите да се однесуваат кон новинарите со почит и професионализам.

ССНМ бара Владата итно да воспостави редовна и отворена комуникација со медиумите, да овозможи пристап до информации од јавен интерес и да ги почитува уставно загарантираните стандарди за медиумска слобода.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски