Вилма Русковска е суспендирана, поведена и дисциплинска постапка за утврдување одговорност

Од:

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија, дознава „А1он“. Информацијата ја потврдува и обвинителката. Според информации на „А1он“, одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција. Се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.

dobivaj vesti na viber

„Само што добив решение за суспензија“, вели Русковска за „А1он“.

Членови од дисциплинската комисија за „А1он“ брифираат дека постапката за утврдување одговорност за сторена дисциплинска повреда се спроведува по поднесен образложен предлог од републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Тие брифираат дека кон предлогот се доставени и докази.

„А1он“ побара од дисциплинската комисија, но не доби официјален одговор за поведената постапка, како и кога ќе се одлучува по предлогот. Побаравме став и од републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, но и тој не одговори на пораките.

Поведената дисциплинска постапка е основ за трите обвинителки, Русковска, Трајчева и Јосифовска да бидат суспендирани. Според Законот за јавни обвинители, одлука за оддалечување од вршењето на обвинителската функција  носи републичкиот обвинител. Засега, тоа е побарано само за Русковска.

Законот предвидува и неколку случаи кога се утврдува дисциплинска одговорност. Една од нив е ако намерно или неоправдано се направи крупна професионална грешка.

По поднесена претставка за извршен незаконски претрес во Финансиската полиција, двајца обвинители од Републичкото јавно обвинителство надлежни за надзор над Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, направија увид во предметот, по што изготвија извештај во кој констатираа дека има неправилности при постапувањето во предметот. Три дена по изготвувањето, тој беше доставен до Финансиската полиција и јавноста.

Најпрво се наведува дека Трајчева и Јосифовска биле ненадлежни да постапуваат по предметот, бидејќи не се дел од тимот обвинители кои утврдуваат одговорности кај лица со полициски овластувања.

Потоа, се посочува дека претресот е направен иако во списите немало ниту докази за основано сомнение за сторено кривично дело туку само кривична пријава. Исто така, во него стои дека Трајчева не дала информации до Републичкото обвинителство иако тоа било побарано од неа. За дозволата за претрес добиена од Кривичниот суд, се вели дека е добиена со давање  погрешни информации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тупанчески за „војната“ Русковска-Муареми: Таму се случува нешто што не треба

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Пеливанов на местото на Русковска, додека таа е суспендирана

Кристијан Ландов

Русковска останува супспендирана, не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право

Кристијан Ландов

Русковска: Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, требаше да се сослушуваат сведоци за случајот

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов