(ВИДЕО) Жителите во Кисела Вода пред бунт, Град Скопје со ѕид од над еден метар сака да затвори две улици

Од:

Жителите во скопска Кисела Вода од улиците Христо Татарчев 1 и 11 излегоа на протест поради одлуката на Град Скопје на новиот кружен тек со кој се спојуваат Кисела Вода и Аеродром преку булеварот да скрати две улици. Граѓаните велат дека тие се улици кои ги користат секојдневно, а за се го обвинија градоначалникот Коце Трајановски кој според нив, единствено гледал да си го наполни џебот.

На кружниот тек на кој требаше да излегуваат седум улици, Град Скопје одлучил дека ќе излегуваат само пет, а останатите две да кружат од задната страна, односно од кружниот тек кој се наоѓа кај главниот влез на цементарница Усје. Идејното решение за забрана на возилата од и кон кружниот тек за градот биле два ѕида, еден од метар и 25 сантметри, а другиот речиси два метра.

– Ќе протестираме и утре од 8 часот. Ги повикуваме градоначалниците на Град Скопје и општина Кисела Вода да дојдат и да видат каков проблем имаме ние доколку се постават ѕидовите. Овој ѕид што го става овде, Трајановски може дома да си го стави, велат граѓаните.

Екипата на А1он со автомобил ги возеше улиците кои доколку Град Скопје ги постави ѕидовите, граѓаните ќе треба секојдневно да ги поминуваат. Улиците освен што премногу тесни за да бидат проодни се полни со дупки, а едната завршува со столбови.

Ѕидот на овие две улици го нема во деталниот урбанистички план на општината Кисела Вода. Според ДУПот, планирано е Христо Татарчев 1 и Христо Татарчев 11 да излегуваат на кружниот тек, со што би се овозможило граѓаните да продолжат да живеат нормално како до сега.

Овој кружен тек во Кисела Вода го најавуваа екс премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец Алексиќ во 2015 година на бина поставена токму на местото каде сега граѓаните протестираат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година