(ВИДЕО) Заев вети растеретување на учениците и повеќе практична настава во образованието

Од:

На вчерашниот отворен форум со граѓаните во Штип, претседателот на СДСМ Зоран Заев се осврна на потребата од сериозни реформи во образованието, кои што значат поквалитетен образовен процес, во интерес на учениците и наставниот кадар.

Граѓаните укажаа на потребата државата и општините да инвестираат повеќе во талентираните ученици, но и на потребата да се намали фондот на часови и во образованието да има повеќе вештини, а помалку теорија.

Претседателот Заев најави дека Владата, а и општините целосно ќе ги поддржат талентираните ученици, бидејќи познато е дека во Македонија има многу талентирани математичари, спортисти, музичари… кои што блескаат, но немаат просперитет бидејќи нема кој да ги поддржи да стекнат соодветно образование или да одат на натпревари.

„Она што ќе претставува нови политики е рационализација на вкупниот број на часовите. Нашите деца, без разлика наставниците како ќе реагираат, се пренатрупани со часови. Учат еден куп работи, од прво до четврто одделение дечињата имаат и по пет и по шест часа. Детенце од прво до четврто одделение да го држите по шест часа е жално. Тоа дете мора да игра, мора да има детски живот и мора да учи само тоа што му треба. Во средно образование мора да воведеме и практична настава. Сите деца не се за факултет, тоа го знаеме. Ако имаме практична настава, тој што не сака да оди на факултет, многу полесно и побрзо ќе најде работа. На факултетите мора да го зајакнеме квалитетот на преносот на знаењето и истовремено да има и практична настава на самите факултети, за да може дипломираните кадри брзо да се снајдат со работа“, најави претседателот на СДСМ Заев.

Заев додаде дека политиката досега премногу била навлезена во школството, поради што трпеа меѓучовечките односи кај наставничкиот кадар, а со тоа и образованието, и дека тоа ќе се менува.

„За жал од инволвираност на политиката внатре, се изгуби она што значеше дух на наставничкиот совет, другарството колегијалноста.. луѓето беа исподелени. Директорот е еден и треба да биде прв меѓу еднаквите. Тој треба заедно за време на утринското кафе, после работното време, за време на паузите да дискутира за сите отворени прашања кои што постојат помеѓу наставниците. Распределбата на часовите мора заедно да ја договорат, а не некој од кабинет да ја направи и да ја лупне на наставниците. Мора преку дијалог да се договара таа распределба“, оцени претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ