Заев не доаѓа на инаугурацијата на Пендаровски, испрати видео честитка

Од:

Премиерот Зоран Заев кој користи слободни денови нема да дојде на инаугурацијата на новиот престедател на државава Стево Пендаровски. Владата испрати видео честитка во која Заев му порачува дека наскоро ќе се видат во Скопје.

Како што наведува Заев во честитката, земјава со Пендаровски добива лидер кој се приклучува во водството напред.

Тој му изразува поддршка на Пендаровски и најавува дека заеднички, ги чека многу работа, а одговорноста е голема.

-Денеска нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денеска Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот, се вели во честитката.

Според премиерот, граѓаните потврдија дека мора да се продолжи напред, преку заедништво.

-Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ, наведува Заев.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот