(Видео) Заев со Адеми во Јегуновце побара поддршка за Дарко Блажевски: Заедно ќе ги решиме проблемите на сите граѓани

Од:

Заедно сме сплотени. Концептот е едно општество за сите. Само заедно може да ги решиме проблемите, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓани во село Шемшево, општина Јегуновце.

Тој рече дека во 21 век мора да има чиста вода, да се реши проблемот со септички јами до бунарите за вода, децата да не газат во кал и да се разболуваат и дека овие проблеми ќе се решат.

-Регионално мора да ја поврземе општина Јегуновце, за да има инвеститори општината и да има развој. Конечна цел ни се работни места, посебно за младите луѓе. Овде голем дел од граѓаните живеат од земјоделство, субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци. Интервениравме да го спасиме Југохром, ќе има и филтри и на пролет вработените ќе се вратат на работа, тоа се прави со политики на грижа за сите граѓани, рече Заев.

-Барам поддршка за Дарко Блажевски од сите граѓани, независно од етничката припадност. Тој ќе им служи на сите граѓани, повика Заев.

За поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Јегуновце, Блажевски, во име на ДУИ повика и Абдулаќим Адеми.

-Оваа наша земја има перспективи, ќе работиме чесно и ќе дадеме резултати. Во недела на 29 октомври сите да заокружиме 19 за живот во Јегуновце како во цела Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓани во Јегуновце.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски