(ВИДЕО) Заев од Јегуновце: Југохром повторно ќе работи со полн капацитет, по еколошки стандарди

Од:

Лидерот на СДСМ и премиер на Македонија, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Јегуновце изјави дека ќе се изградат филтри во Југохром и дека наредната пролет фабриката ќе работи со целосен капацитет и сите работници ќе се вратат на работа.

Заев рече дека претходната власт барала рекет по 200, 300 илјади евра од газдата на Југохром.

– Сакам вечерва овде да испорачам ветувања, како моја поддршка и поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот, за идните проекти во општина Јегуновце. Ќе работиме со новата локална власт во Јегуновце, да го обновиме секој дел на регионални патишта, и тоа од Јегуновце до Желино, 17 километри, од Лешок до Шемшово, 5 километри, и од Пршовце до Јегуновце, 5 километри. Ќе изградиме и локални патишта на релација Туденце – Сиричино и од мотел „Вратница“ до Беловчиште. Тоа е мојот збор, а зборот е збор. Денеска патриоти се тие што ќе обезбедат достоинствен живот на своите граѓани дома, тука во Македонија, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните на изборите на 15. октомври да гласаат за Дарко Блажевски и советничката листа на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!