(ВИДЕО) Заев: Ако Иванов има разузнавачки информации за граѓанска војна веднаш да ги објави

Од:

Пресериозни работи беа соопштени од страна на човек кој ја извршува функцијата претседател на Република Македонија. Нека се одлучи дали Заев и Верушевски, со тоа и СДСМ и опозицијата ги гони за пуч барајќи техничка влада и предвремени избори или за граѓанска војна, нека одлучи за што не обвинува, не може овие две работи да одат заедно, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Сериозноста да каже дека имал разузнавачки информации, дека притоа ги знаел сите информации за граѓанска војна ќе бидат само сериозни ако јавно ги објави сите докази и документи за таквите информации. Го повикувам јавно да ги објави. Полна уста зборови секој ден за ненасилство, за мирни протести, за право на протести, за заедно со граѓаните да си ја чуваме Македонија, дека сме роднини сите толку сме малку, тие се нашите зборови. И ако тој знаел дека се спремаат протести и тој вели јас само ги убрзав. Што е смислата? Што тоа сакал тој да постигне? Сериозноста и забеганоста да се спомнува армијата навистина претставува една сериозна најава која се надевам дека сите не загрижи слушајќи ги тој дел од зборовите на неговата прес конференција. Не дај боже да му падне на памет да прави такви глупости затоа што нема потреба тоа да се прави, ниту тој има некаков кредибилитет или легитимитет тоа да го прави, а знам дека нема ни кој да го послуша тоа да го прави, рече Заев.

На новинарско прашање за тоа дали ќе побара од Иванов да ја повлече аболицијата дадена од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, Заев истакна дека се работи за политички монтиран процес и дека тој и Струмица се гордеат со Глобал, процес кој е награден од ЕУ како најдобра пракса за јавно-приватно партнерство.

– Како што кажавте, законот му давал право на Ѓорге Иванов тоа да го направи. Тој можел како што ги повлече сите други аболиции, ако Уставот и Законот му дозволуваат, му препорачувам, јавно апелирам, укажувам да го направи тоа и за аболицијата за Зоран Заев за Глобал да го направи тоа. Немам намера да се бламирам во глупости кои што им приликуваат на владејачките гарнитури, а посебно и на Ѓорге Иванов, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?