(ВИДЕО) ДИЖС: Вонреден инспекциски надзор во компанијата „Еко клуб“ Битола

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање попладне соопшти дека по информациите објавени од Инспекторатот на Град Скопје за несоодветно третирање на медицинскиот отпад побаран е вонреден инспекциски надзор во компанијата „Еко клуб“ од Битола.

За наодите од надзорот, како што се наведува во соопштението, јавноста ќе биде дополнително известена.

Министерството за животна средина и просторно планирање, дознавајќи од медиумите за одржаната прес-конференција на Инспекторатот на Градот Скопје каде беа изнесени нивни сознанија од извршен увид во работењето на компанијата “Еко Клуб ДООЕЛ” Битола, веднаш изврши увид во издадените дозволи за вршење третман на медицински отпад и воспостави контакт со Државниот инспекторат за животна средина за дополнителни информации во однос на спроведените надзори.

Од ДИЖС известија дека последниот надзор на терен над правното лице бил извршен на 12 декември 2019 година каде со Записник било констатирано дека компанијата работи согласно законските прописи и издадените дозволи.

По денешното сознание, на барање на Министерството, ДИЖС во моментов е на вонреден увид на локацијата повторно, а за наодите од истиот јавноста ќе биде благовремено информирана, се вели во соопштението.

Министерството ги повика сите институции, на централно и локално ниво, на директна соработка со цел навремено да се реагира и да се заштити животната средина и здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) „Луѓето се исплашени, чадот е страшен, можно е да е канцероген“: Гори депонијата Дрисла

A1on

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Ана Ололовска

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација

Ана Ололовска