Стојковски: Речиси секаде се направени контроли за загадување, нема отстапки во однос на зададените параметри

Од:

За загадувањето на воздухот направивме контрола во Скопје на скоро сите субјекти од големата индустрија како што се Макстил, Цементарница, Дрисла итн. Скоро секаде има направено мерења согласно А-интегрираните еколошки дозволи. Инаку, секоја година во планот за надзори ни се предвидени овие компании, обично во декември и јануари. Немаше отстапувања во однос на зададените параметри во интегрираните еколошки дозволи. Дел од нив имаат и сопствен 24-часовен мониторинг како што се Цементарница, Дрисла и Макстил, информираше денеска в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски.

Тој на прес-конференцијата се осврна и на Предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, што сега влегува во завршна собраниска процедура после цели пет години.

Имено, во предлог-законот ново е воведувањето на повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина, со што ќе се обезбеди инспекциски надзор на целата територија на Република Северна Македонија, односно на централно и локално ниво, преку донесување на Национална стратегија и Програма за инспекциски надзор во животната средина.

Законот е во насока на надминување на сегашните предизвици со човечките ресурси, соодветно планирање и соработка со инспекцискиот надзор на централно и локално ниво во согласност со политиките за животна средина, а воведено е и планирање засновано на критериуми за процена на ризикот кој го имаат субјектите на надзорот врз животната средина.

– Согласно годишниот план за вработување на ДИЖС за 2022 година со Министерството за финансии се планирани шест нови вработувања и тоа три помлади инспектори за води природа како и три административни работници. Во завршна фаза се и двата огласи за прием на советници инспектори за животна средина во Куманово и во Велес. Согласно систематизацијата имаме предвидено 41 инспектор, пополнетоста во моментот е околу 48 отсто, значи околу 20 инспектори. Потребни се нови инспектори, но бидејќи оваа година имаме обезбедено средства само за толку вработувања – за тројца инспектори, ние побаравме да се вработат тие за да можат, бидејќи постоечките инспектори веќе се во зрели години и пред заминување од оваа институција – пензионирање за да има време да ги обучат барем тие двајца млади па потоа за наредната година 2023 да планираме дополнителни инспектори и по животна средина. Некаде за две до три, а можеби и четири години, наведе Стојковски.

Тој информираше дека во наредната 2022 година ДИЖС ќе биде дел од платформата е-инспектор која веќе од 1 јануари почнува да се спроведува во три инспекторати, Трудовиот, Пазарниот и Управниот, а сите останати како и ДИЖС ќе почнат во вториот дел од наредната година со воведување на дигитализација на инспекциските постапки.

– Со цел зголемување на транспарентноста остварени се повеќе состаноци со граѓански здруженија, како „НАТУРА“, „Еко – свест“, со кои што реализиравме и тренинг за инспекторите, со македонското здружение на млади правници, како и Институтот за комуникациски студии, рече Стојковски.

Директорот на ДИЖС наведе дека во тек е изработка на интерактивна мапа која ќе содржи податоци за правните субјекти за кои Министерството за животна средина и просторно планирање и општините имаат издадено дозволи и елаборати, а ќе содржи и извештаи за спроведени инспекциски надзори.

– Во насока на транспарентноста е и опцијата која стои на располагање преку веб страната на ДИЖС односно преку фејбук страната – опција месенџер каде во втората половина на оваа година се остварени и реализирани 135 нотификации од граѓани, сите се упатени во врска со надлежноста и начинот на постапување, односно само една четвртина од овие барања се однесуваат на предмети и субјекти во надлежност на ДИЖС, истакна Стојковски.

Тој посочи дека месецов е реализиран планот и се остварени 155 надзори, како и дополнително 26 надзори согласно заклучоците на Владата во однос на надминување на прагот за алармирање и вршење вонредни надзори. Во Скопје се направени 14, Куманово пет, Струмица три, Тетово четири надзори на А-интегрирани дозволи и инсталации за горење на отпад.

Стојковски наведе дека во тек е изработка на вториот шестмесечен извештај за работата на ДИЖС во 2021 година, а до 15 јануари ќе се достави на мислење до Инспекцискиот совет.

Информираше и дека при еден од 155 надзори е утврден еколошки инцидент во рудникот Булмак – Пробиштип каде што имало истекување на јаловина. – Истиот субјект е задолжен да направи санирање на местото каде што го направил еколошкиот инцидент и е покрената постапка согласно Законот за животна средина за прекршоци од трета категорија каде што предвидена е казна од 100 илјади евра. Постапката продолжува да се води во МЖСПП, посочи директорот на ДИЖС.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов