По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13 и 14 септември, по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“ покажуваат значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како и дека биле измерени високи концентрации на честички и тешки метали.

Во соопштението се наведува дека на 18-ти и 19-ти септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажува дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.

– Тековни резултати 18–19 септември 2025: Просечна концентрација PM₁₀: 9,8 µg/m³; Максимална вредност: 43,3 µg/m³; Моментална вредност: 8,2 µg/m³; Резултати по пожарот 13–14 септември 2025: PM₁₀ честички: 92,65 µg/m³ (над 50 µg/m³ – дозволена граница); Олово (Pb): 0,75 µg/m³ (над 0,5 µg/m³); Кадмиум (Cd): 59,1 ng/m³ (над 5 ng/m³) Арсен (As): 8,9 ng/m³ (над 6 ng/m³); Никел (Ni): 6,4 ng/m³ (во дозволени граници, под 20 ng/m³), се наведува во соопштението.

Додаваат дека МЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжат со мониторинг и навремено информирање на јавноста.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1