(ВИДЕО) Во Министерството на Андоновски, жената Државен секретар, мажот добива тендери обвинува СДСМ

Од:

Во Министерството за дигитална трансформација на Стефан Андоновски, каде втор човек е Државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров, обвинува СДСМ.

– Два договори, склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари. Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство. Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција. Прашањето е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал? Дали бил и тој соучесник? Бидејќи неговото име и презиме стои на договорите како потписник, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа рече и дека Истата фирмата на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев.

– Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски. И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат. Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка, вели Кузеска.

СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој скандал, сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Фирмата и сопругата на началникот Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување

(ВИДЕО) Цветаноски: Македонија е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудните органи, повторно одработуваат за услугата што се избрани

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

А1он