(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев давал јавни набавки и на близок пријател

Од:

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев, покрај јавните набавки што ги давал на фирми од неговото семејство, тоа го правел и со пријатели, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Диме Спасов на прес-конференција изнесе документи, според кои Заев му давал јавни набавки на неговиот личен пријател и ортак на неговиот брат Вице Заев, Горан Крстев, преку фирмата „Јавор Шпед“ ДООЕЛ Струмица.

– Во два наврати, на 5 октомври 2010 и 12 октомври 2011 општина Струмица склучила договор за јавна набавка со фирмата „Јавор Шпед“  ДООЕЛ од Струмица за гориво и екстра лесно масло за греење во износ од 28.670.000 денари, односно два договори со идентични суми од 14.335.000 денари, рече Спасов.

Со тоа, додаде тој, Заев на својот личен пријател и ортак на неговиот брат му префрлил милионски суми од парите на граѓаните на општина Струмица, исто како што претходно доделувал јавни набавки на фирмите на својот татко, чичко, стрина, братучедка и снаа. Спасов потсети дека Горан Крстев и Вице Заев се поврзани во повеќе бизниси и се јавуваат како ортаци во фирмите Сара Јавор инжинеринг, Сара инжинеринг и Дравас инжинеринг.

– СДСМ и Зоран Заев наместо да посочуваат други фирми кои добивале јавни набавки во Струмица, треба да одговорат зошто фирмите од нивниот клан се богателе на сметка на граѓаните. Според законите за јавни набавки, договори може да склучуваат било кои фирми од Струмица, од Радовиш, Гевгелија или пак странски фирми, но спорно е што парите на граѓаните завршувале во џебовите на неговите блиски роднини, татко му, чичко му, стрина му, братучедите и снаата како и неговите бизнис ортаци, истакна Спасов.

Тој посочи дека има и друго фирми во Струмица и во државата кои можеле да добијат јавна набавка за снабдување со гориво и екстра лесно масло за греење за потребите на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани