ВИДЕО: Влага и црни ѕидови во салата „Империјал“ во МОБ

Од:

Големи жолти траги од влага, поцрнети ѕидови, извадени делови од плафонот од каде излегуваат жици. Ова е ликот на салата „Империјал“ во Македонската опера и балет, која најмногу настрада од големите поплави кои се случија во Скопје пред 20-тина дена.

Во меѓувреме, салата се користи без никаков проблем за одржување настани.

Речиси еден месец подоцна, местото се уште функционира во истата состојба, без штетите да бидат санирани.

Иако директорот Дејан Прошев за А1он веднаш по поплавите кои ја зафатија МОБ изјави дека се поправаат штетите предизвикани од прокиснувањето, сепак состојбата во салата „Империјал“ не е променета.

– Во големата сала нема никакви оштетувања, прокиснување има во салата „Империјал“ и таму штетата веќе се санира, изјави тогаш Прошев.

Во невремето кое го зафати Скопје пред неполн месец, со поплавите се бореа и двата нови објекти од „Скопје 2014“ – Стариот театар и Археолошкиот музеј.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ