ВИДЕО: Учениците со покачена температура нема да бидат пуштени да влезат во училиште

Од:

Учениците од прво до трето одделение ќе можат да присуствуваат на наставата единствено ако немаат покачена телесна температура.

„На сите ученици и вработени, при влез во училиштето ќе им се мери температура. На оние со покачена температура нема да им биде дозволен влез“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, на која ги презентираше протоколите за основните и средните училишта.

Ќе има распоред за влез различен за секое одделение, за учениците од различни одделенија да не се сретнуваат.

„ Вработените во училиштата ќе мораат да носат маска и да ја одржуваат препорачаната дистанца. Забрането е поздравување со физички контакт. Најмногу 20 ученици со растојание од еден и пол метар меѓу децата. Доколку има услови за настава на отворено, може да не се носат маските“, рече Филипче.

Родителите нема да смеат да влегуваат во училиштата, освен за децата со попреченост на кои им е потребна асистенција.

Пред да се влезе во организиран превоз, на децата ќе им се мери температурата, а оние со покачена ќе бидат враќани дома.

„Првиот училишен ден ќе биде посветен на запознавање на учениците со препораките за спечување на ширењето на коронавирусот, а во училиштата ќе има задолжени вработени кои ќе го одржуваат редот кога учениците ќе го користат тоалетот“, најави Филипче.

Забрането ќе биде влегување на други лица, додека се децата во училниците.

Според Филипче, препораката која што ја даде Комисијата за заразни болести е во контекст на максимална претпазливост и превенција од понатамошно ширење на епидемијата.

Филипче истакна дека интензивно работеле и ги разгледувале искуствата од другите земји каде наставата веќе е започната, а некаде и прекината брзо по почетокот на учебната година.

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

Голема полициска акција во Полска по нападите во училиштата – проверени 50.000 објекти, уапсени 79 лица

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите