(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Од:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска на прес конференција зборуваше за животната средина. Нешто што, како што рекоа, е поважно од сите нас во наше Куманово. Таа е заеднички дом за сите нас. Дишеме ист воздух, делиме ист простор и одговорни сме за истата иднина – затоа мораме заеднички да ја чуваме, нејзиното штитење е голем предизвик за сите нас. Предизвик кој сме должни да го надминеме и да го реализираме во целост, рече кандидатот за советник од советничката листа на ЗНАМ, Тамара Тренчевска.

Нашата цел е да ја подигнеме еколошка свест и да создадеме зелена и чиста Општина, во која секој граѓанин ќе има можност за здрав живот. Затоа движењето ЗНАМ – за наша Македонија во програмата за Куманово предвиде серија проекти, активности и заложби како да стигнеме до посакуваната цел.

Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во програмата:

• Поставување на соларни панели на јавни објекти, установи и институции и енергетско ефикасни фасади.
• Интегриран систем за селекција, сепарација, транспорт и преработка на отпад.
• Дигитална контрола и мониторинг за регулирање на бучава во угостителски објекти.
• Видеонадзор на јавни површини и точки од јавен интерес за заштита на имот и животна средина.
• Ширење на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа со фокус на јавни објекти, индустриски капацитети (с. Добрашане, нас. Карпош, индустриска зона Новини и Речица), колективни станбени згради и домаќинства.
• Намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа.
• Зајакнување на капацитетите на Сектор за инспекциски надзор во Општината.
• Зајакнување на капацитетите на ЈП „Чистота и зеленило“ и зголемување на буџетот за одржување на хигиената.
• Зголемен интензитет на перење на улици и плоштади.
• Замена на сите постојни надземни контејнери во централно подрачје со полуподземни контејнери.
• Поставување на дополнителни контејнери за селекција на отпад.
• Нови контејнери на локации каде што има потреба.
• Поголем број мали корпи за отпадоци на јавни површини со висока фреквенција.
• Зголемена инспекциска контрола на критични подрачја и речни корита.
• Континуирано чистење на речните корита во градот.
• Зголемена едукација за екологија на учениците од најрана возраст.
• Продолжување на Субвенции за користење на клима уреди.
• Кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина со поддршка на НВО, активизам и волонтерски организации.
• Поставување мерни станици за квалитет на воздух на повеќе клучни локации.

На тој начин, со секојдневни активности и заложби ќе ја менуваме еколошката слика на Куманово. Сите заедно, нагласи Тренчевска, да посветиме особено внимание на спречување на загадувањето на воздухот, водата и почвата, хигиената на јавните површини, како и на правилно управување со отпадот. Сите заедно да го направиме Куманово пример за чист зелен и достоинствен град!

Би можело да ве интересира

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени