(ВИДЕО) Сугарески: Реконструкција на многу патишта немаше од времето на Тито, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош

Од:

ВМРО-ДПМНЕ остави пустош со почнатите и недовршени автопатишта, и не може ниту една власт да остава несредени и нереализирани проекти, а потоа да викаат дека биле нивни. Ова во интервју за Макафакс го кажа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески според кого ВМРО-ДПМНЕ за 12 години изградиле 650 километри патишта, а СДСМ за една година над 500 километри патишта.

-Реконструкција правиме на над 500 километри патишта. Да не почнувале вакви патишта од ВМРО-ДПМНЕ, ваков пример во градежништвото не сме виделе, нешто што не го познава градежнишвото како автопатот Кичево-Охрид.

50 проценти беше направен автопатот Миладиновци-Штип, ние за година и пол 50 проценти завршивме, тие за четири години го правеа. Немало причина за четири години да не го направат.

Битола-Кременица е чист проект на СДСМ. Исто и патот Битоа-Прилеп. Куманово-Бељаковце е ВМРО-ДПМНЕ? Што се фали со 20 проценти направен пат? Не може секоја власт да ги остава проектите, а потоа да вика дека е нивен проект.

Гасовод 98 проценти од кракот Неготино до Битола нема мрднато, ископана беше една дупка, сега е направена целата работа.

До 4 септември се првите два килиометри за патот до Блаце. Кичево-Охрид е еклакантен пример како не треба да се работи во градежништвото. Ако било се готово на автопатот Демир Капија-Смоквица, мислите дека Груевски ќе го пропуштеше да не го пушти во употреба?

Се работи за 12 години на власт, за сето тоа време направиле 650 километри, СДСМ во една година 500 километри патишта. Разликата е евидентна, рече Сугарески.

Реконструкција правиме на постоечките патишта, по 50 години не биле чепнати од времето на Тито, дали така да ги оставиме? Проектите се од граѓаните, не се од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ. Државата добива средства од буџетот, од граѓаните и со тие пари според нивните потреби се прават патиштата, рече во интервјуто Сугаревски.

Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во текот на септември, а уривање ќе има и на Матка, но откако ќе истечат законските рокови за жалби по поднесените барања за легализација на дивите платформи, најави во интервјуто министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање.

„Освен тоа што прогласи мораториум за градење, Охрид веќе избра фирма која што ќе урива, предвиде средства за уривањето во висина од 1,5 милион денари и прави динамичен план за уривањето. Приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното јадро и во националниот парк „Галичица“, рече министерот Сугарески.

Државата ќе ја помогне акцијата со дополнителни средства за уривањето, а според министерот нови средства ќе предвиди и локалната самоуправа во буџетот за следната година оти како што нагласи, не може да се очекува сите дивоградби, чија официјална бројка ќе ја објават многу скоро, да бидат урнати до февруари, кога истекува рокот даден од УНЕСКО за задржување на заштитатата на Охрид.

Сугарески рече дека не знае за петицијата за измена на членот 15 од Законот за градежно земјите со која граѓаните бараат да се дозволи продажба на државно градежно земјиште за окрупнување на парцела само доколку лицето поседува 80 отсто од парцелата, наспроти сегашниот член во законот кој дозволува откуп на државно земјиште доколку лицето е сопствени на само 30 отсто од парцелата. Граѓаните бараат ваква измена за да се спречи раскрчмување на државно земјиште како она спроти хотелот „Холидеј Ин“ кое беше продадено заради окрупнување на парцелата за изградба на згради спротивно на интересот на јавноста која побара парк на местото на паркингот.

„Не знам за оваа иницијатива, но со задоволство ќе ја разгледам. Сметам дека одлуката за вакво нешто треба да ја донесеме заедно со градоначалниците“, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион