(ВИДЕО) Студенти: Се исекоа дрвја за изградба на студентскиот срам – Универзитетски згради во барок

Од:

Градежните екипи исекоа 47 дрва зад Правниот факултет и со лимена ограда започнаа да го затвораат просторот кон судовите.

ograduvanjeFakulteti (5)

Планирано е на 20-ти декември да се стават камен темелници и да почне изградбата на новите барокни објекти на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура.

ograduvanjeFakulteti (4)

Да се градат барокни факултети е навреда за студентите и особено е голема иронија со оглед на тоа дека барокни фасади треба да имаат токму факлутетите за информатички науки во 21 век – ова е ставот на Студентскиот пленум.

ograduvanjeFakulteti (2)

– Според наши сознанија, Сенатот никогаш не дал согласност за изградба на нови објекти во рамки на УКИМ и градењето на овие две згради е упад во универзитетската автономија, рече Орхан Сулејмани од Студентски пленум.

KGF v0101 KGF v0102

Кампусот кај УКИМ веќе има проблем со бројот на студенти, па уште неколку илјади студенти да се додат во две нови згради ќе ја влоши и онака лошата состојба и же уништи голем дел од зелените површини и дрвјата.

– Проблематичен е и изборот на барокниот стил, кој не се вклопува со веќе изграденото во кампусот. Сметаме дека е иронија да се гради барокна зграда за факултет за информатички науки. Самиот избор на барокот е длабока навреда на студентите кои се движечка сила во државата, вели Сулејмани.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски