Партијата „Достоинство“ дава целосна поддршка на барањата на лидерот на СДСМ. Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов денеска од пред Владата ги повика македонските граѓани, вечерва во 19 часот да дојат пред Македонската телевизија и да им кажат на директорите и уредниците да ги пуштат снимките што ги презентираше опозицијата.
– Го повикуваме Никола, кој се уште е премиер, но нема политички легитимеитет, по сето она што можевме да го слушнеме како се одвивале изборите во Македонија, веднаш да си даде оставка. Да се формира преодна влада, јавниот обвинител уште во текот на денешниот ден да поднесе оставка, раководството на Македонската телевизија да поднесе оставка.
Ги повикувам сите граѓани, вечерва во 19 часот, да дојдат пред Македонската телевизија. И ако има малку луѓе – ќе влеземе внате, јас сум подготвен да влезам и сам и ќе побарам од дежурните екипи да ги емитуваат снимките што ги објави опозицијата. Македонската телевизија е должна да ги објави овие снимки. Македонските граѓани не се глупи, доста го понижувавте македонскиот народ. Да не дозволиме разни песови на оваа власт да му го перат мозокот на овој народ, рече Ангелов.
Претставници на „Достоинство“ и нивниот претседател, Ангелов денеска, положија цвеќе пред споменикот на бранителите во „Жена парк“ и оттаму тргнаа кон владата за да повикаат вечерва, пред вестите на јавниот сервис, да побараат од МРТ да ги објави снимките на опозицијата.
А.Б.