(ВИДЕО) Стоименов: Ќе бараме отштета, плативме лиценци за повеќе години, а сега не затвораат

Од:

Предлог измените на Законот за игри на среќа во ниту еден случај не беа донесени за заштита на малолетната популација во Македонија, туку единствено за бизнис интереси поврзани со определена пратеничка група, вели во интервју на А1он Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС. Тој вели дека доколку биде потпишан законот од страна на претседателот Пендаровски, ќе го тужат министерството за финансии, кое минатата година им даваше лиценци, а сега со дистанцата од 500 метри ќе се затворат 90 отсто од објектите.

„Освен што ќе оспоруваме пред Уставниот суд, ќе бараме огромна штета да ни се исплати од страна на Министерството за финансии како давател на овие лиценци, затоа што бизнис проекциите за добивање на една лиценца, за оформување на еден објект за игри на среќа не се задоволуваат во период од шест години, тоа се долгорочни планови, така да со вештачења и проценки ќе бараме штета, која ќе падне на грбот на граѓанинот. Проблемот во Македонија е што немаме свест за одговорност. Никој нема да понесе одговорност за ова што се презема и што се уништи една комплетно законска индустрија и да ги понесе сите побарувања на штети кои ќе паднат на товар на граѓаните како тужби за надоместа на штета и да каже ние сме одговрни, ние ќе ги надоместиме“, посочи Стоименов во интервјуто на А1он.

Посочува дека неколку пати побарале да бидат вклучени во изготвувањето на законот, но никој не го прифатил тоа.

„Се остварија нашите наводи и апели кои веќе година дена ги истакнуваме, дека одредена група на пратеници исклучиво само за предизборни калкулации и добивање на гласови се дрзнаа да остават 10.000 вработени колку што има во секторот за игри на среќа на улица. Бидејќи овие противуставни и скандалозни измени, односно со дистанцата од 500 метри се става клуч на оваа индустриска гранка“, рече Стоименов.

Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа, заедно со Асоцијацијата на спортски обложувалници имале средба со претседателот Стево Пендаровски минатата година и му ги посочиле сите факти, па сега очекуваат тој да остане на изјавата дека нема да го потпише овој закон. Фактите со кои ќе ги оспорат измените на законот, доколку претседателот ги потпише, ќе бидат поврзани со тоа дека уставно загарантирано е правото на стопанисување без никакви ограничувања, односно дека ограничувањето од 500 метри се коси со Уставот.

„Претседателот Пендаровски претходно кажа дека нема да го потпише указот. Вчера беше лиферувана информацијата дека ќе го разгледа законот. Како АПИС и АСОМ бевме на средба со претседателот, ги кажавме сите факти, колкав број вработени има оваа индустрија, дека учествуваме во буџетот на Република Македонија со над 280 милиони евра кои што процентуално, во однос на буџетот за 2024 година е 5 отсто. Сите овие наводи беа претставени кај претседателот“, вели Стоименов.

Приредувачите на игри на среќа, според претставникот на АПИС, ќе бараат отштета од државата, бидејќи министерството за финансии минатата година даваше лиценци на приредувачите на игри на среќа, а сега со дистанцата од 500 метри, ќе има затворање на голем број од објектите.

„Освен што ќе оспоруваме пред Уставниот суд, ќе бараме огромна штета да ни се исплати од страна на Министерството за финансии како давател на овие лиценци, затоа што бизнис проекциите за добивање на една лиценца, за оформување на еден објект за игри на среќа не се задоволуваат во период од шест години, тоа се долгорочни планови, така да со вештачења и проценки ќе бараме штета, која ќе падне на грбот на граѓанинот. Проблемот во Македонија е што немаме свест за одговорност. Никој нема да понесе одговорност за ова што се презема и што се уништи една комплетно законска индустрија и да ги понесе сите побарувања на штети кои ќе паднат на товар на граѓаните како тужби за надоместа на штета и да каже ние сме одговрни, ние ќе ги надоместиме“, посочи Стоименов во интервјуто на А1он.

Според него, се остава простор игрите на среќа да се одвиваат нелегално и целиот приход да отиде во нечии џебови, а државата да нема никаков приход од тоа. Со овој закон, над 90 отсто од актуелните објекти ќе мора да се затворат поради дистанцата која е донесена со предлог-измените.

„Во ниту еден случај не може дистанцата од 500 метри и затварањето е неминовно имајќи ја во предвид поставеноста на нашите градови, бидејќи објектот со дислокација од едно училиште се доближува до друго и е неможност да овие објекти функционираат во градските подрачја. Во градските подрачја, особено во помалите градови е невозможно да се опстои. Ќе мора да ги отпуштиме сите вработени бидејќи нема да издржиме да ги сносиме тие трошоци за вработени“, вели Стоименов.

Посочува дека импликацијата за приредувачите на игри на среќа е врз 10.000 вработени, а индиректно, индустрии кои зависат од оваа гранка, бројат 34.000 до 50.000 работни места кои придонесуваат и имаат бенефит од игрите на среќа.

„И за време на короната, од секторот за игри на среќа не беше испуштен ниту еден вработен, ниту пак беа намалени платите, а треба да се има предвид фактот дека овие објекти беа затворени три месеци без воопшто да работат. Станува збор за компании кои се општествено одговорни и се грижат за граѓаните. Фактот дека 500 метри е поткрепен со образложенија дека малолетната популација со гледање на излози на овие објекти има можност да стекне зависност од игри на среќа е сосема непоткрепен со стручна анализа, дали вистина предизвикуваат зависност, тоа целосно непоткрепено“, тврди Стоименов.

Погледнете го целото интервју на А1он со Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС.

Би можело да ве интересира

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Горан Наумовски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Законот за данок за солидарност на дневен ред на Уставниот суд

Катерина Ѓуровски

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет