(ВИДЕО) Стоилковски: По три дена одговор нема-чии се тие странските служби и за кои цели следат и фотографираат 

Од:

Оливер Спасовски кој што е на чело на МВР нема се уште одговор, дали државата е безбедна или ја шетаат странски служби,три дена поминаа, а јавноста се уше нема одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати или тие се само во главата на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Три дена поминаа, а не знаеме дали МВР е целосно неспособно да ги открие странските служби или пак МВР е во соработка со странските служби кои наводно го следат Стево Пендаровски?

Три дена поминаа, а не знаеме дали странските служби треба да му бидат алиби на Пендаровски за поразот што го чека или пак СДСМ се обидува да најде причина за следење на опозицијата.

Чии се тие странски служби и за кои цели следат и фотографираат? Безбедни ли се кандидатите? Гарантира ли Оливер Спасовски фер и демократски амбиент за изборна трка? Гарантира ли фер и демократски изборен ден? Ако претседателскиот кандидат на власта се чувствува небезбеден како треба да се чувствува кандидат на опозицијата?“, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи