Полицијата сроведе оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “Пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема количина. Уапсени се две лица и се спроведени во Полициска станица Велес.
https://www.youtube.com/shorts/AgxIXSBE3nU
„Полициските службеници при ОСОСК и САЕ Тигар на наплатна рампа Стоби, забележале сомнително движење на возило “сеат алтеа”, при што возачот на даден знак да застане со цел да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале, го легитимирале и извршиле преглед на возило.
Од извршениот преглед во возило “сеат алтеа” управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати.
Денеска од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство Велес, ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М(55) од Кавадарци, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
Пронајдената растителна материја врз основа на издадена Наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес, ќе биде предадена во Одделот за Форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија, велат од МВР.
