Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

Од:

Меѓу 12 и 17 февруари годинава, Европол ги поддржа полициските агенции во Украина, Полска и Молдавија во заедничка операција против меѓународна криминална мрежа вклучена во производство и трговија со синтетички дроги, првенствено синтетички катинони како што е алфа-PVP.

За време на координираните акции, Украинската национална полиција и Полското Централно истражно биро извршија проверки на околу 510 локации.

Во таа прилика, беа разбиени 36 лаборатории за нелегално производство на дроги и 74 магацини што содржеа дроги подготвени за дистрибуција. Кривични пријави беа поднесени против 129 лица, додека 103 лица беа лишени од слобода.

Истрагата откри дека криминалната мрежа дејствувала во неколку земји, вклучувајќи ги Белорусија, Молдавија и Украина.

Според истражителите, групата била предводена од организатор од Украина кој основал и опремил нелегални лаборатории со потребната опрема и хемиски супстанции.

Се верува дека имал силни врски со криминални структури во Полска, преку кои се добивале прекурсори, клучни хемикалии и опрема, честопати користејќи легални деловни субјекти како параван.

Меѓу другото, криминалната мрежа злоупотребувала легални компании управувани од лица од Полска и Литванија, претходно поврзани со нелегалното производство на синтетички дроги.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Европол откри мафијашки нарко „синџир“ преку следење на паричните трансакции

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога