(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Од:

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев. Фирмата „ЦБД Медплант“ во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.6.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да го погледнеме видеото од денешното запленување на илегална материја дрога. Имено, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДС, односно во тоа време со Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот.

По овие сомнежи и индиции за поврзаност на СДС, Заев и Филипче, бараме ЈО да го истражи случајот, и бараме одговори за случајот со запленетата дрога, дали има вмешаност од страна на Заеви? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај? Каква е улогата на Вице Заев во овој случај? Колкава сума од овој случај сакал да заработи Зоран Заев? Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко. Вистината излегува на виделина, кажа Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога