Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Од:

Неофицијално, вечерва е во тек опсежна полициска акција и опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, додека објект во поранешниот индустриски комплекс „Охис“ во Скопје е целосно под контрола на надлежните институции.

Во акцијата се вклучени повеќе институции, меѓу кои полицијата, царинските служби, здравствените инспекторати и Јавното обвинителство. Акцијата, наводно, е насочена кон мрежа на таканаречени „легални“ производители на канабис, за кои постојат сомневања дека со години ја злоупотребувале дозволената дејност.

Засега нема официјална потврда од институциите, но ниту демант за активностите на терен.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при обраќање пред медиумите, не сакаше да навлегува во детали во врска со марихуаната запленета во Србија, што дополнително ги засили шпекулациите дека станува збор за координирана и опсежна акција на Министерството за внатрешни работи.

Повеќе официјални информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски