Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Од:

По два дена интензивна акција во Струмичко, од фирма која има дозвола за одгледување марихуана се запленети околу 20 тони марихуана. Локацијата претставува втор клучен крак во истрагата што ја водат МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Детали за акцијата во Струмичко се уште не се откриваат, а нема ниту официјални информации за сторени кривични дела или за осомничените лица.

Неофицијално се шпекулира дека запленетата марихуана е произведена надвор од дозволените граници за производство, но ова не е потврдено од ниту една институција.

За акцијата беа ангажирани комбиња, камиони и патнички возила, а на терен, покрај полицијата и истражителите на Обвинителството, имаше и екипи на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма во струмичко, МВР поднесе кривични пријави

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар