Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Од:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, за наводна поврзаност со фирми за марихуана. Филипче нагласи дека станува збор за координиран обид за дефокус од вистинскиот скандал со шверц на 5 тони дрога.

„Тоа е апсолутно само една форма на дефокус. Јас немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата. Повторно е тоа еден обид за дефокус и да се избегне одговорот на вистинското прашање, како пет тони марихуана 4-5 шлепери поминале преку граница и завршиле во Србија. Тоа е главното прашање. Како поминале на царинска контрола на граница? Тоа се прашањата, се друго е еден голем дефокус нешто што практично го гледаме изминатиот период цело време“, рече Филипче.

Притоа Филипче нагласи дека и тој лично, како и партијата, се мета на организирана медиумска хајка и лажни обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа сегашна власт, ВМРО-ДПМНЕ контролира една голема мрежа на медиуми тие се во целосна координација, не само сега изминатите повеќе од 10 години. со медиумската мрежа којашто е контролирана од луѓе на унгарскиот премиер Орбан. Еве како излезе, прво Жан Митрев, некое смешно обвинување како јас сум влијаел на судски процеси, па Дубаи, па Харис Џиновиќ, па авиони, ме поистоветија со убиец на деца, па дека сум се дрогирал, што уште нема да измислат“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ споменувајќи ја модуларната болница во Тетово, покажува недостиг на емпатија кон семејствата на жртвите и ја користи трагедијата како дел од медиумска хајка.

„Модуларната болница ја спомнуваат во Тетово. Дали мислат на оние луѓе семејства коишто ги изгубија таму членовите на семејствата? Дали на тие луѓе помислуваат? Но не ме чуди овој систем на медиумска хајка којшто го водат поради тоа што овој систем на медиумска хајка и лажни вести, лажна кампања е воден од луѓе кои додека седат во собранието им се потсмеваат на родителите на децата што загинаа во Кочани“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ