Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

Од:

При претрес во кафеана во Гостивар, пронајдени се дрога, оружје и муниција, а лишени од слобода четворица гостиварци, информираат од МВР.

„На 13.02.2026 во угостителски објект на ул. „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(23), З.А.(22) и Н.С.(24), сите од Гостивар. При преглед кај нив, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. едно пакување со бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ калибар 22 мм, пушка карабин „застава“ калибар 8,57, една рамка и вкупно 191 куршуми од различен калибар за кои не поседувал дозвола. По документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“ соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Седум лица се уапсени за две брутални убиства во Србија

Горан Наумовски

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски