Спасено е куче кое било фрлено во шахта, во близина на хотелот „Континентал“, во скопската населба Гази Баба. Дојавата за кучето била од полицијата до јавното претпријатие „Лајка“, кои алармирале дека фрленото куче ги изгризало каблите во шахтата, поради што, полициската станица била без струја.
Од „Лајка“, со свој тим влегоа во шахтата и го извлекоа кучето, кое било со ланец замоткано во кабли.
„Кучето е спасено и ќе биде згрижено во ‘Лајка’. Се надевам за брзо време околните објекти ќе добијат електрична енергија“, вели Тина Петрушевска, директорка на „Лајка“.