(ВИДЕО) Со автомобили низ улиците на Скопје се бараше слобода за Љубе Бошкоски

Од:

Симпатизерите на Обединети за Македонија со десетици автомобили излегоа на потест за како што велат, заложништвото на Љубе Бошкоски во Идризово. Тие велат дека ова е последна опомена и доколку Бошкоски не биде пуштен на слобода веднаш, тие ќе протестираат пред домот на директорот на затворот, Живко Пејковски и пред неговата куќа во родното место.

Демонстрантите со автомобилите поминуваа низ центарот на Скопје, а говори држеа пред Министерството за правда, од каде, според нив се направени најголемите неправди последните десет години. Тие пред министерството пуштаа и дел од „бомбите“ на опозицијата, во кои според СДСМ, се слушаат гласовите на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и новинарот Драган Павловиќ – Латас како го договраат затворот на Љубе Бошкоски.

Според поранешниот директор на управата за спречување на прење на пари, Ване Цветанов, Бошкоски е во затвор поради тоа што јавно говорел за криминалите на власта и посочувал за сетоа тоа што подоцна се објави во проектот Вистината за Македонија.

– Инсистираме Живко Пејковски под итно да го пушти Љубе Бошкоски, да исправиме малку од големата штета и големата неправда, затоа што тој е жртва на еден политички монтиран процес. Во Македонија, се доделени десет илјади притвори за овие десет години, 10 илјади лица од кои што седум илјади лица се невини, жртви на креирани постапки, без докази осудувани, а други 10-15 илјади лица се кријат по институциите, позади системот, вистинските криминалци се надовр, а невините се во затвори и притвори, доста е, рече Цветанов.

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски вели дека секоја злоупотреба на дискреционото право е злоупореба и на службената должност. Тој вели дека луѓето кои го држат Бошкоски во затвор не семат да се спротивстават на наредбите кои што доаѓаат од креаторите на овој случај. Според него, сето тоа што се случува добива димензии на монструозност.

– Доколку не ја исправат неправдата барем малку пред крај, нека бидат свесни дека лесно можат своите удобни фотелји да ги заменат со кревотот од даски на кој што 5 години лежи нашиот брат Љубе, рече Кекеновски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска