ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Од:

Младинската организација на политичката партија Обединети за Македонија (Обединета младина за Македонија), на денешниот редовен конгрес на „Европските млади конзервативци“ беше прифатена како придружен член, информираат од ОММ.

dobivaj vesti na viber

„ОММ ги прифати деветте идеолошки постулати на модерниот конзерватизам и имаше презентација пред раководството на EYC. Во оваа фамилија има 25 политички подмладоци од кои: Млади Унионисти (Велика Британија), Закон и правда (Полска), Младински демократски форум (Холандија), Млади конзервативци (Чехија), Млади конзервативци (Велика Британија) и други.

Европски млади конзервативци (EYC) се група на политички подмладоци на конзервативни, класични либерални и десно-центристички политички партии во Европа. EYC е основана во август 1993 година од страна на политичките подмладоци на „Британската конзервативна партија“, „Данската конзервативна народна партија“ и „Исландската партија за независност“, под раководство на Ендру Росиндел, тогашен претседател на младите конзервативци во Велика Британија.

EYC произлегла од поделбата во десно-центристичката Демократската младинска заедница на Европа (DEMYC), која се поделила на две фракции: еден дел, следејќи ја широко христијанско-демократската филозофија; а другиот дел, предводен од Росиндел, следејќи ја широко конзервативната филозофија. Две клучни точки на несогласувања биле обемот на економската либерализација и пожелноста за федерална Европа“, се вели во соопштението на ОММ.

Би можело да ве интересира

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска

Онлајн состанок на ОМ со раководителот на ЕКР за Бугарија: Меѓусебното разбирање е основа на решавање на проблемите

Ана Ололовска

ОМ: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Ана Ололовска

Бошкоски го повикува Мицкоски на дебата

Ана Ололовска

Стразбур пресуди во корист на Бошкоски, државата треба да му плати отштета за „Кампања“

Кристијан Ландов