Онлајн состанок на ОМ со раководителот на ЕКР за Бугарија: Меѓусебното разбирање е основа на решавање на проблемите

Од:

Ѓорѓи Станковски, од Обединети за Македонија, имаше онлајн состанок со раководителот на претставништвото на Европските конзервативци и реформатори за Бугарија – Кристијан Шкварек.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од ОМ, главна тема на разговорот биле односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, прашањето за можното вето од страна на Бугарија и дискусија за наоѓање на решенија за надминување на сегашната ситуација.

„Стана збор и за соработката меѓу ЕКР и Обединети за Македонија и десните политики за иднината на Европа, како и за евроинтерграцијата на Западен Балкан.

Иако ставовите се различни, истакнато е во разговорот во врска со надминувањето на спорот, комуникацијата меѓу двете држави и меѓусебното разбирање остануваат основни темели за решавање на проблемите“, велат од ОМ.

Би можело да ве интересира

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска

ОМ: Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување

Ана Ололовска

Бошкоски го повикува Мицкоски на дебата

Ана Ололовска

Стразбур пресуди во корист на Бошкоски, државата треба да му плати отштета за „Кампања“

Кристијан Ландов